Дома Македонски спорт Мак фудбал Серафимов откако му „пресуди“ на Вардар: Измешани емоции…Се радувам за првенецот, но го елиминирав клубот во кој израснав

Серафимов откако му „пресуди“ на Вардар: Измешани емоции…Се радувам за првенецот, но го елиминирав клубот во кој израснав

Денес во рамките од натпреварите во Купот на Македонија Академија Пандев го елиминираше Вардар со победа од 1:0.

Голот на одлука го постигна младиот стопер Никола Серафимов 92 минута и ова секако беше посебен момент затоа што Серафимов цели 13 години помина во Вардар пред да си замине после кризата која го погоди клубот.

Во изјава за нашиот сајт Серафимов потврди дека кај него имало измешани чувства и емоции.

„Да секако дека имаше измешани емоции. Од една страна бев среќен затоа што ова беше мојот прв гол за екипата на Академија Пандев и гол што значеше пласман во следната рунда од купот, а од друга страна ми беше тешко затоа што го елиминирав клубот каде што поминав 13 години и израснав како фудбалер“, ни изјави Серафимов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавена последната гласовна порака на Марадона која ја испратил неколку часа пред смртта 🎥

Смртта на Марадона го потресе фудбалскиот свет. Еден од најдобрите играчи на сите времиња …