Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо беше фантастичен во вчерашното полуфинале од Лигата на Нации против Швајцарија. Роналдо постигна три гола и ја одведе Португалија во финалеот
Роналдо против Швајцарците го отвори натпреварот со гол од слободен удар, а во второто полувреме постигна уште два за финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако после еден таков натпревар Роналдо изрази задоволство.
„Среќен сум што и помогнав на Португалија да стигне до финалето од Лигата на шампионите. Им честитам на момците. Им се заблагодарувам на португалските навивачи на фантастичната поддршка. Напред Португалија“, напиша Роналдо.
Muito feliz por ajudar Portugal a chegar à final da Liga das Nações! Parabéns malta! Obrigado ao público português pelo apoio fantástico. Força @portugal ???? pic.twitter.com/xz5g6Ymudn
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) June 5, 2019
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантос со бирани зборови зборуваше за Роналдо.
„Користев многу ептите за Роналдо и неговите настапи. Му бев тренер уште во 2003 година и уште тогаш сфатив во каков играч ќе прерасне. Тој е вистински гениј. Постојат генијални сликари, а Кристиано е фудбалски гениј“, изјави Сантос.
Вечерва се игра второто полуфинале и во него ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Холандија (20:45).
Финалето од Лигата на Нации на програмата е во недела.