Дома Фудбал Лига на шампиони СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Најлудото финале во Лигата на шампиони (видео)

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Најлудото финале во Лигата на шампиони (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од спортот.

Лигата на шампиони е во прекин и не се знае кога точно ќе продолжи, а на љубителите на фудбалот сигурно им недостасува најквалитетното европско натпреварување.

Ние денес ќе ве потсетиме на најлудото и најинтересно финале во поновата историја во Лигата на шампиони, а тоа е секако легендарната пресметка од Истанбул.

Таа 2005 година Милан и Ливерпул се сретнаа во финалето и „росонерите“ важеа за големи фаворити, па веќе на полувремето имаа предност од високи 3:0.

Потоа следеше епски пресврт на Ливерпул кој само за 6 минути во второто полувреме постигна три гола и мечот го однесе во продолженија, а потоа при изведувњето на пенали голманот Дудек беше херој и му донесе титула на „црвените“.

Две години подоцна Милан и Ливерпул повторно се сретнаа во финалето во ЛШ во Атина и „росонерите“ се одмаздија и го кренаа највредниот трофеј.

Од тогаш во Милано постои поговорка „После Истанбул секогаш доаѓа Атина“ аналогно на она „После дождот секогаш доаѓа сонце“…. поговорка која треба да ја имаме на ум во овие тешки денови.

Овде можете да го гледате цел натпревар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Меси се огласи и категорично демантираше трансфер: Тоа се лаги! (фото)

Денес аргентинскиот медиум „ТНТ“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Лионел Меси би …