Дома Македонски спорт Мак ракомет Светско, а наше: Вардар е во топ 10 најпопуларни клубови во Европа!

Светско, а наше: Вардар е во топ 10 најпопуларни клубови во Европа!

0

Вардар оваа година по втор пат стана европски шампион, а со тоа и се здоби со голем број фанови ширум Европа.

Во сезоната во која констатно се најавуваа црни сценарија ракометарите на Вардар успеаа уште еднаш да се искачат на тронот на Европа.

Веројатно токму поради ситуацијата и финаниските проблеми кои и беа познато на јавноста Вардар стана омилен помеѓу голем број ракометни фанови.

Ова не се само наши зборови, туку тоа го потврдува и статистиката која докажува дека Вардар е во топ 10 омилени клубови во Европа.

На социјалните мрежи се појави една фотографија со статистика која ги рангира клубовите според нивната популарност на Фејсбук, Твитер и Инстаграм и според таа статистика Вардар е пласиран на деветтата позиција со 184.000 фанови.

Ќе потсетиме црвено-црните пред неколку дена ги дознаа противниците за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Вардар ќе игра во групата Б со:Веспрем, Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпеље, Порто и Кил.

 

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед најде замена за Лукаку, Елмас лета за Италија, Милан купува „јорганџија“

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер паза…