Дома Топ вести Светски рекорд: Во 22 години направи 28 трансфери!

Светски рекорд: Во 22 години направи 28 трансфери!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Уругвајскиот напаѓач Себастиан Абреу неодамна постави необичен рекорд откако го реализираше својот 28-ми трансфер, потпишувајќи за нисколигашот од Бразил, Бангу.

Абреу го собори светскиот рекорд уште со 23-от транфер, смени девет држави за 22 години, па неговиот подвиг тешко дека може да биде повторен. Стана рекордер и кога на 40 години заигра на Мундијалот во 2010 година.

Започна во 1995 година во Дефенсор, играше и за Депортиво Ла Коруња од 1998 до 2004 година, а потоа започнаа серија на позајмици. Потоа долго се задржа на американскиот континент играјќи за Национал, Монтереј, Ривер Плата, а во Европа се врати во 2009 година во Реал Сосиедад.

Пред Бангу играше за Санта Телка, а претходната година играше за Сол де Америка. Вкупно настапи за 23 клуба, бидејќи во некои се враќање од вкупно 28-те транфери кои ги направи. Играше во Уругвај, Аргентина, Мексико, Шпанија, Ел Салвадор, Бразил, Парагвај, Израел и Грција.

Сепак, Абреу има и со што друго да се пофали бидејќи го постигна одлучувачкиот пенал за Уругвај против Гана за пласман во полуфинале на Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кејлор Навас ќе брани во Премиер лигата

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Костариканецот, Кејлор Навас кој освои три т…