Трансферната сага околу играчот за врска на Интер, Жоао Марио продолжува, пренесуваат италијанските медиуми.
„Нероаѕѕрите“ се обидуваат да најдат нов клуб за Португалецот бидејќи јасно е дека Спалети не смета повеќе на него.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Интерес за Жоао Марио покажуваат неколку европски клубови меѓу кои, Вест Хем, Евертон, Севиља и Атлетико Мадрид, кои сакаат да го донесат Португалецот на позајмица.
Меѓутоа, самиот фудбалер до овој момент каже НЕ на сите понуди кои пристигнаа на негова адреса.
25-годишниот играч за врска знае дека доколку остане на „Џузепе Меаца“ нема да добива голема минутажа, особено после доаѓањето на Рафиња.
Поради тоа имал разговор со неговиот агент Киа Јорабикјан и побарал да му најде нов клуб до крајот на зимскиот трансфер период.