Дома Фудбал Англија Руни до навивачите на Јунајтед: Бидете трпеливи, погледнете го Ливерпул

Руни до навивачите на Јунајтед: Бидете трпеливи, погледнете го Ливерпул

Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни смета дека на Манчестер Јунајтед му е потребно време да се врати во самиот врв.

Руни вечерва со Дерби ќе игра против Јунајтед во рамките од осминафиналето на ФА Купот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Едвај чека. Го посакував тој дуел на ждребот. Сите се радувавме. Пред нас е голем предизвик“, изјави Руни.

Искусниот напаѓач од 2004 до 2017 година беше дел од Манчестер Јунајтед, па ја прокоментира и ситуацијата во која се наоѓа клубот од „Олд Трафорд“.

„На Јунајтед му е потребно време, барем две или три години. Управата мора да доведе неколку засилување, потребно и неколку да заминат. Ништо не може да се случи брзо. Погледнете како Ливерпул дојде до ова ниво. Навивачите на Јунајтед мораат да бидат трпеливи“, порача Руни.

Натпреварот помеѓу Дерби и Јунајтед се игра вечерва од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Никој не го направил тоа што го направи Ливерпул во првите четири кола во ПЛ

Ливерпул го продолжи победничкиот тек во четвртото коло од англиската Премиер лига, извоју…