Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо пред историскиот настап испрати емотивна порака

Роналдо пред историскиот настап испрати емотивна порака

Кристиано Роналдо треба да биде дел од стартниот состав на Португалија на натпреварот против Чешка вечерва на ЕП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Доколку влезе во игра ќе стане единствениот фудбалер во историјата кој играл на натпревари на шест различни европски првенства.

Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до навивачите пред натпреварот.

Португалци, денес започнува ново поглавје во нашата историја. Со задоволство се сеќавам на мојот прв ден со репрезентацијата, патување полно со предизвици и победи. Сега сум привилегиран што сум опкружен со тим од шампиони кој е полн со талент и одлучност. Со универзална сила и поддршка, соништата ги претвораме во реалност. Заедно да се избориме за уште еден триумф. Обединети, незапирливи сме. Форца Португалија!“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Левандовски ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот на 38 години

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, според сите изгледи, ќе ја продолжи кариерата во Сауд…