Дома Фудбал Надал итно се огласи – кружат приказни дека го „руши“ Перез во Реал Мадрид

Надал итно се огласи – кружат приказни дека го „руши“ Перез во Реал Мадрид

Рафаел Надал ги отфрли наводите дека ќе се вклучи во потенцијалната претседателска кампања на Енрике Рикелме против Флорентино Перес во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните денови во шпанските медиуми се појавија информации дека легендарниот тенисер би можел да биде дел од тимот на Рикелме во обидот да ја преземе власта во мадридскиот клуб.

Сепак, Надал брзо реагираше и сè демантираше.

„Прочитав шпекулации кои ме поврзуваат со можните кандидатури за претседател на Реал Мадрид. Сакам да разјаснам дека тие информации не се точни”, напиша Надал на социјалните мрежи.

Флорентино Перез моментално е под голем притисок поради уште една сезона без трофеи, а и поради наводните проблеми во соблекувалната и управата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар го дозна потенцијалниот ривал во второто коло од квалификациите за ЛШ!

Вардар ги дозна можните противници на патот кон следната фаза од европските квалификации, …