Дома Фудбал Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од првите одлуки на раководството би можела да биде враќањето на старо, добро познато име на клупата.

Според информациите на Фабрицио Романо, преговорите меѓу José Mourinho и мадридскиот клуб се во напредна фаза и наскоро би можело да дојде до официјална потврда за негов камбек на „Сантијаго Бернабеу“.

Романо наведува дека договорот е многу блиску до реализација и дека би можел да биде финализиран во следните неколку дена, особено по новите потези на претседателот Флорентино Перез. Во меѓувреме, Мурињо ги стопирал разговорите со Бенфика околу евентуална соработка, бидејќи приоритет му е враќање во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…