Дома Фудбал Левандовски ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот на 38 години

Левандовски ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот на 38 години

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, според сите изгледи, ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Понудата што ја доби е неприфатлива за одбивање.

Роберт Левандовски ја напушта Барселона по четири години. Договорот му истекува на крајот од сезоната, нема да му биде продолжен, а тој веќе си одбра нова средина. Тоа ќе биде Саудиска Арабија.

Денеска се појавија информации дека Полјакот, кој наскоро ќе има 38 години, одбра заминување во Арабија. Сега се знае името на клубот и бројката што му ја понудија. Навистина е неверојатна.

Нов клуб на легендарниот напаѓач треба да биде Ал-Хилал. Годишно, Лева ќе заработува неверојатни 90 милиони евра.

Со ваква понуда, едноставно не можеше да одбие. Наскоро, сите понуди на европските клубови паднаа во втор план, бидејќи за неколку сезони во Саудиска Арабија би можел да заработи огромно богатство.

Со 38 години на грб, Левандовски ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот. Над него би биле само Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Карим Бензема, чии заработки надминуваат 100 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…