Дома Фудбал Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот фудбалер Ромарио Луиз да Силва доживеа сериозна повреда на зглобот.

Според пишувањата на „талкСпорт“ ситуацијата на теренот била толку потресна што некои од неговите соиграчи веднаш плачеле по повредата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целата ситуација се случи во обид да се запре контранападот на противничката екипа. По расчистувањето на обидот за удар на аголот од страна на одбраната на Мотагуа, Ромарио се упати кон топката, но при судирот со противничкиот играч незгодно згазна, при што тешко ја повреди ногата.

Бразилецот веднаш падна на тревата, мавтајќи со раце и повикувајќи помош, додека играчите од двата тима останаа шокирани од тоа што го видоа.

Некои повикуваа судијата итно да го прекине натпреварот, други клечеа на тревата со главите во рацете, а некои фудбалери не успеаја да ги воздржат солзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од итали…