Кристиано Роналдо е под знак прашалник за дебито на Ралф Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роналдо се пожалил на болки во коленото и поради тоа е неизвесен за утрешниот натпревар против Кристал Палас. Според информациите од Островот, ситната повреда Роналдо ја заработил при прославата на вториот гол против Арсенал.
Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед ќе дебитира утре пред домашната публика на „Олд Трафорд“ против Кристал Палас.