Oфицијално најдобриот фудбалер во светот Кристиано Роналдо ги предупреди ривалите ширум Европа дека Лигата на шампионите е натпреварување во кое доминираат „кралевите“.
Реал Мадрид е единствениот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите од кога на сила е новиот формат, походот по „хет-трик“ го започна со рутинска победа над Апоел од 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа беше натпревар во кој моравме да победиме. Игравме на свој терен и сакаваме да го имаме најдобриот старт во Лигата на шампионите. Можевме да постигнеме уште некој гол, но на крајот успеавме да стигнеме до добар резултат. Задоволен сум од тоа како изгледаше“, изјави Роналдо по натпреварот.
Потоа Роналдо зборуваше за очекувањата од новата сезона.
„Секако дека нашата цел е да го освоиме трофејот. Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид и сакаме да бидеме повторно најдобри, но пред нас е долг пат“, истакна Роналдо.