Дома Офсајд Роналдо и Георгина со заедничкиот живот го кршат законот во Саудиска Арабија

Роналдо и Георгина со заедничкиот живот го кршат законот во Саудиска Арабија


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Кристијано Роналдо и Георгина Родригез со трансферот на Португалецот во Ал Наср ја напуштија Европа и нивното ново живеалиште ќе биде Саудиска Арабија.

Ако се суди според договорот кој го потпиша Роналдо, парот во оваа земја треба да помине две ипол години.

Меѓутоа шпанските медиуми потсетија дека Роналдо и Георгина со заедничкото живеење во оваа земја го кршат законот на Саудиска Арабија.

Имено, славната двојка официјално не е во брак и живеат заеднички како партнери. Но, во Саудиска Арабија постои закон кој вели дека маж и жена не смеат да живеат заедно ако не се венчани.

Шпанскиот „Спорт“ во својот текст разговараше со адвокат од Саудиска Арабија кој потврди дека таков закон постои, меѓутоа земјата се почесто во последните години „замижува“ на вакви случаи.

„Да, законот официјално не дозволува, но властите во последните години почнаа да замижуваат. Членот е активен во законот и се користи ако се појави проблем“, изјави адвокатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ванда е минато: Икарди е во врска со поранешната девојка на Хамес Родригез

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Аргентинскиот напаѓа…