Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Луис Назарио де Лима го купи Крузеиро, клубот каде што ја започна кариерата.
Крузеиро е еден од најголемите бразилски клубови кој два пати беше победник на Копа Либертадорес, но во последните две години играше во втората лига, таму ќе помине и трета. Клубот е во долгови и Роналдо ги замоли навивачите за трпение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Време е за враќање. Мој ред е да помогнам да ја отворам вратата за тимот. Не како херој, не со супермоќи затоа што и ги немам. Ќе работам со огромна одговорност и ќе се обидам да донесам раст на клубот“, порача Бразилецот кој за Крузеиро плати околу 70 милиони долари.
Роналдо за Крузеиро дебитираше на 16 години, а подоцна стана еден од најдобрите напаѓачи во историјата.