Дома Топ вести Рома најде замена за Џеко

Рома најде замена за Џеко

Без оглед што се смири со тренерот Фонсека, на лето Един Џеко готово сигурно ќе ја напушти Рома.

„Волчицата“ веќе бара замена за 35-годишниот напаѓач, а прва мета е ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес.

21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Рома сигурно ќе треба да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.

Нуњес оваа сезона има постигнато 12 гола на 32 настапи и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oфицијално: Флик го напушта Баерн!

Tренерот на Баерн Минхен Ханси Флик и официјално си заминува. Германскиот стратег за негов…