Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес призна дека адаптацијата на англискиот фудбал оди побавно од очекуваното.
Уругваецот минатата сезона беше ден од најдобрите напаѓачи во Европа и Ливерпул за неговиот потпис плати 100 милиони евра со бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нуњез призна дека јазичната бариера е проблем и дека ништо не го разбира тренерот.
„Искрено, јас навистина не разбирам ништо што тој зборува во подготовката за натпреварот или на полувремето. Откако ќе заврши со разговорот, ги прашувам моите соиграчи што рече. Но, мислам дека е многу јасен во она што го кажува“.
„Тој бара да правиме едноставни работи на теренот, да не се плашиме да играме, да бидеме самоуверени. И да почнеме да притискаме кога ќе ја изгубиме топката. Тоа секогаш го бара од нас“, изјави Нуњес.