Дома Трансфер зона „Рокада“ во Реал: Заминува Иско, доаѓа Ериксен

„Рокада“ во Реал: Заминува Иско, доаѓа Ериксен

Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.

Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.

За шпанскиот фудбалер постои интерес од неколку гиганти меѓу кои и Јувентус и Манчестер Сити, а се верува дека во трката за неговиот потпис ќе се вклучат уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, па можно е уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ доколку пристигне примамлива понуда.

Доколку Иско го напушти Реал, „кралевите“ веќе имаат спремна замена и веднаш ќе го комплетираат трансферот на Кристиан Ериксен од Тотенхем.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Како Милан останал без големо засилување поради отказот на Бобан?

Навивачите на Милан можат да жалат по заминувањето на Звонимир Бобан бидејќи токму поранеш…