Хамес Родригез оваа сезона не се наигра во Реал Мадрид. Колумбиецот не е во плановите на Зидан, па и него го интересира зошто е тоа така.
После враќањето од Баерн Хамес првите минути во дресот на Реал ги доби во минатото коло кога стартуваше против Реал Сосиедад.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Зошто не играм? Тоа е добро прашање и јас би сакал да го знам одговорот“, изјави Хамес во разговор со медиумите, па додаде:
„Тешко е кога тренерот не ви дава минутажа, многу тешко. Не е лесно да покажете што можете во малку време, оние кои се занимаваат со фудбал ќе разберат“, изјави Колумбиецот.