Дома Македонски спорт Ристовски продолжува да тресе мрежи: Го постигна седмиот гол во Словачка!

Ристовски продолжува да тресе мрежи: Го постигна седмиот гол во Словачка!

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски одигра добар натпревар за Спартак Трнава и постигна гол против Микулаш, тој беше негов седми во првенството на Словачка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карбал после само три минути ја погоди мрежата. Во 64. минута Трнава доби најстрога казна. Одговорноста за пеналот ја презема Ристовски меѓутоа не беше прецизен.

Сепак само пет минути подоцна македонскиот напаѓач се поправи и погоди за 2:0. После 14 одиграни кола тимот на Ристовски се наоѓа на втората позиција со 32 освоени бодови, три помалку од Слован Братислава.

За Ристовски тоа беше седми гол во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…