Откако селекторот Благоја Милевски остана без Александар Трајковски од списокот повикани фудбалери за пријателските дуели со Финска и Азервејџан денес пристигнуваат уште лоши вести.
На натпреварот помеѓу Трнава и Скалица македонскиот напаѓач поради повреда беше заменет после само 23 минути игра. Повредата Ристовски ја заработи на стартот од мечот, но сепак продолжи за кога веќе почувствува дека не може да побара измена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега се чекаат вести од лекарскиот тим на Трнава за да се знае карактерот на повредата. Македонија против Финска игра на 17. ноември, а три дена подоцна против Азербејџан. Двете средби се играат во Скопје.