Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ремизираше 1:1 во пријателскиот натпревар против Молдавија на припремите во Анталија.
Напаѓачот Милан Ристовски истакна дека на вториот натпревар против Црна Гора исто така во Анталија ќе мора да одиграат на повисоко ниво.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одигравме добар натпревар, имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал по едно наше невнимание примивме гол и на крајот одигравме без победник. Против Црна Гора нè чека тежок натпревар, играме против квалитетна селекција и за да бидеме конкурентни ќе треба да одиграме на повисоко ниво.
Секогаш сум самокритичен и сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија, да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигнеме во посакуваната победа“, изјави Ристовски.
Натпреварот против Црна Гора ќе го играме в понеделеник од 18:00 часот.