Дома Фудбал Италија Рим со вакви резултати нема да види Скудето: Болоња ја победи Рома! (ВИДЕО)

Рим со вакви резултати нема да види Скудето: Болоња ја победи Рома! (ВИДЕО)

Денес од 15:00 часот во рамките од петото коло во Серија А се одиграа три натпревари.

Најголемото изненадување го приреди Болоња која ја совлада фаворизираната Рома на свој терен со резултат 2:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Домаќинот до предност стигна во 36-тата минута кога Матиело со одличен удар го совлада Олсен кој беше немоќен.

Не е дека Рома не создаваше шанси, но изостануваше реализацијата во првиот имаа 10 удари кон противничкиот гол, но и покрај реализација немаше.

Во вториот дел гледавме слична ситуација на теренот, Рома се обидуваше, а Болоња искористи една од ретките прилики. Фалицинели одлично во празно го проигра Сантадер кој доби прилика „еден на еден“ со Олсен и не ја пропушти за конечни 2:0.

После овој пораз Рома ќе остане со пет освоени бодови што е седум помалку од лидерот Јувентус кој вечерва го игра својот натпревар против Фросиноне, па јасно дека иако сме почеток на сезоната тешко дека „волчицата“ ќе има прилика да се бори за Скудето оваа сезона.


Во останатите два натпревари Лацио со 4:1 ја победи Џенова, додека Киево на свој терен беше поразен од Удинезе со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …