Дома Македонски спорт Мак ракомет „Ривалството меѓу Вардар и Е.Пелистер е како она помеѓу Бенфика и Порто“

„Ривалството меѓу Вардар и Е.Пелистер е како она помеѓу Бенфика и Порто“

Eурофарм Пелистер започна да ги претставува засилувањата за новата сезона, па така денес на ред дојде Вилсон Дејвис кој е поранешен неколкукратен шампион на Португалија.

„Шансата да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер кој ми кажуваше за идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните титули. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб. За мене е задоволство и голем предизвик што сум во Еурофарм Пелистер.

– Клубот има големи амбиции, сака да освојува титули, да биде градот среќен, бидејќи 18 години е без титула. Веќе нестрпливо сакам да играм и да освојувам трофеи пред нашите навивачи. Имаме искусна екипа и млади момци, но генерално многу квалитет има во оваа група. Добивме скандинавски тренер, со свои идеи за атрактивен ракомет. Се трча многу и се бара многу напади, но и силна одбрана, каква што е неопходна. Првите импресии ми се одлични, сите напорно работат и градиме нешто за да биде подобро.

– Немав можност многу да го видам градот, но кога излегов воочив дека луѓето ме препознаваат, го знаат ракометот. На пример пред некој ден ми пријде еден човек и ми рече: „Оваа година ја сакаме титулата“. Ќе работиме како овој човек и сите навивачи да ги задоволиме. Спремен сум на тој притисок, веќе ми кажуваа за Битола и би била голема радост да ја донесеме титулата во градот. Играв во Порто и можам да ви кажам дека ривалството со екипите од Лисабон, посебно со Бенфика, е големо. Ова ривалство меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 може да се споредува со тоа. Го видов тоа и од видео снимките од минатата сезона“, изјави новото засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…