Фудбалерите на Реал Мадрид посакуваат ново финале во Лигата на шампионите, па поради предноста на Барселона, Ла Лига е во втор план.
Барселона веќе во недела може метаметички да ја обезбеди титулата, но во Мадрид не се грижат премногу и фокусирани се на реваншот против Манчестер Сити.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Карло Анчелоти на денешниот тренинг им даде одмор на одредени играчи, па така со првиот тим денес не тренираа Карвахал, Алаба, Крос, Родриго и Бензема. Освен нив се очекува одмор против Гетафе да добијат Модриќ и Винисиус.
Добра вест за Реал Мадрид е што Ферлан Манди се опорави и се врати во составот, па ќе биде спремен за Манчестер Сити. Против Гетафе Реал игра во сабота од 21:00 часот, додека во среда во истиот термин гостува „Итихад“, првиот натпревар во Мадрид заврши без победник 1:1.