Дома Фудбал Донарума на колена го молеше судијата да го поништи голот на Евертон (Видео)

Донарума на колена го молеше судијата да го поништи голот на Евертон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа во рамките на 35. коло од англиската Премиер лига одиграа нерешено против Евертон, а мечот заврши 3:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со освоениот бод или загубата на два, Граѓаните останаа на -5 зад водечкиот Арсенал, со еден натпревар помалку, и според признавањето на тренерот Пеп Гвардиола, сега судбината веќе не е во нивните раце.

И покрај головите, синоќа сведочевме на една интересна ситуација. Имено, при вториот погодок на Евертон главната улога ја имаше голманот на Сити, Џанлуиџи Донарума.

По голот на Џејк О’Брајан за 2:1, италијанскиот голман беше убеден дека над него бил извршен фаул.

Во неверување падна на колена и буквално го молеше главниот судија Мајкл Оливер да го поништи голот. Меѓутоа, судијата не ја смени одлуката, и голот беше признаен, што дополнително ги подгреа тензиите на теренот.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…