
Манчестер Сити загуби важни бодови против Eвертон и му го препушти лидерското место на Арсенал во трката за шампионската титула на Премиер лигата. Екипата на Пеп Гвардиола имаше шанса самата да ја одреди својата судбина, но нерешениот резултат 3:3 на гостувањето кај Eвертон ја измени сликата. Со овој резултат Арсенал, кој ја брка својата прва титула по 22 години, сега води со пет бода разлика, иако има еден натпревар повеќе од ривалите.
Карагер: Победа против Вест Хем носи титула
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека клучниот натпревар за Арсенал е следниот викенд против Вест Хем. Во својата анализа во емисијата Monday Night Football на Sky Sports, Карагер нагласи дека триумфот на ова гостување кај градскиот ривал би ја заклучил титулата за Топџиите, иако потоа остануваат натпревари против Барнли на 18 мај и Кристал Палас на 24 мај.
“Од перспектива на Арсенал, денешниот исход е клучен за лигата”, изјави Карагер, осврнувајќи се на грешката на Сити. “Но, само замислете ја атмосферата на стадионот утре? Возбудувањето поради Лигата на шампионите, енергијата на навивачите… да стигнеш до финалето на Лигата на шампионите и во истовреме да ја држиш судбината на првенството во свои раце со три кола до крајот. Ако Арсенал следниот викенд го победи Вест Хем, ќе ја освојат лигата.”