Дома Фудбал Што ако имаат ист број бодови? Арсенал на чекор до титулата, но две работи можат да го расипат славјето

Што ако имаат ист број бодови? Арсенал на чекор до титулата, но две работи можат да го расипат славјето

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа доживеаја неочекуван резултат , што би можело значајно да влијае на изходот во Премиер лигата, бидејќи на гости со Евертон одиграа само 3:3, а до бод успеаа да дојдат длабоко во продолжението.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во моментот, ситуацијата на табелата е таква што Арсенал предводи со пет бода предност пред Сити, имајќи еден натпревар повеќе. Доколку тимот на Пеп Гвардиола успее да се избори за победа во одложениот натпревар против Кристал Палас, ќе се доближи до два бода разлика.

Арсенал има уште три натпревари до крајот на сезоната. Ги очекуваат гостувања кај градските ривали како Вест Хем, а во последното коло ги пречекуваат Кристал Палас. Во претпоследното коло ќе ги пречекаат Барнли.

На другата страна, Сити, покрај одложениот натпревар со Кристал Палас на домашен терен, треба да ги пречека Брентфорд, да патува кај Борнмут, и во последното коло на Етихад ќе дојде Астон Вила.

Арсенал е во предност и изгледа поблизу до титулата, прва од 2004 година, но постојат две ситуации кои би можеле да работат во прилог на Сити, секако ако победат во сите свои четири преостанати натпревари.

Првата предност за Сити е што Арсенал треба да одигра реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1), па на гостувањето кај Вест Хем би можеле да пристигнат уморни. Освен тоа, Вест Хем се бори за опстанок, а како градски ривал, ќе дадат сè од себе да им го отежнат патот на Арсенал.

Втора надеж за Сити е дека Кристал Палас, како учесник во градското дерби, би можел да им откине бодови на Арсенал.

Арсенал има и за четири голови подобра гол разлика, што ги приближува Топџиите кон титулата пред Манчестер Сити.

Во случај на ист број бодови, потсетуваме, не се одлучува преку меѓусебниот резултат туку преку гол разликата: моментално, Лондонците имаат +41, а Сити +37. Ако и оваа разлика е еднаква, тогаш важат вториот критериум за изедначување, постигнати голови: во овој момент Арсенал има 67, а Сити 69.

Дури потоа може да дојде предвид меѓусебниот резултат, каде што предноста е на страната на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва го дознаваме првиот патник во финалето: Арсенал и Атлетико ќе водат нова битка во Лондон!

На стадионот Емирати во Лондон, вечерва ќе бидеме сведоци на тоа кој ќе стане првиот финал…