Дома Фудбал Барселона купува од Премиер лигата. Пристигнува ѕвездата од 80 милиони?

Барселона купува од Премиер лигата. Пристигнува ѕвездата од 80 милиони?

Со приближувањето на летниот трансфер период, на списокот на потенцијални засилувања на Барселона се најде името на ѕвездата од Њукасл, Ентони Гордoн. Англискиот репрезентативец е најновиот напаѓач кој се поврзува со каталонскиот клуб, јавува RAC1. Гордoн и претходно беше во фокусот на шпекулациите за заминување од Њукасл на крајот на сезоната, а интерес за неговите услуги пројави и Баерн Минхен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според новинарот Алекс Пинтанел, Барселона би можела да биде една од опциите бидејќи клубот е во потрага по ново лево крило. Каталонците покажале интерес за Гордoн, кој го сметаат за “многу интересна опција за напаѓачката линија”.

Гордoн оваа сезона за тимот на Еди Хау постигна шест гола во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите беше уште поуспешен, обележувајќи десет погодоци во 12 настапи. Треба да се спомне дека четири гола постигна во плеј-офот против Карабах, а се истакна и против Унион Сент Жилоз, Бенфика, Баер Леверкузен и ПСВ.

Сепак, евентуалниот трансфер би бил финансиски тежок. Претходно, The Times објави дека, иако Баерн ја оценува вредноста на Гордoн на околу 60 милиони евра, Њукасл би барал сума поблиска до 80 милиони евра за нивниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер по киксот на Сити откри каде ќе се решава шампионот во Премиер лигата

Манчестер Сити загуби важни бодови против Eвертон и му го препушти лидерското место на Арс…