
Реал Мадрид и оваа сезона ќе ја заврши без трофеј и на сите им е јасно дека засилувањата кои пристигнаа претежно се промашени инвестиции. Особено се однесува на Алваро Карерас кој е темпирана бомба во соблекувалната на Кралевите, а сè открива новинарот Гонзало Алварез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според зборовите на шпанскиот новинар Гонзало Алварез, во тимот на Реал Мадрид постојат огромни проблеми. Ги наведе со име и презиме.
Особено Алварез се осврна на Алваро Карерас. Вели дека 23-годишниот е сериозен проблем за тимот.
„Постои проблем со Карерас и неговото однесување надвор од теренот. Го донесоа за 50 милиони евра, а не покажа ништо”, вели Алварез.