
Фергусон, според aнглиските медиуми се закрепнува откако му се слоши на Олд Трафорд изминатиот викенд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да се потсетиме, за време на последниот натпревар на Манчестер Јунајтед во лигата, Фергусон почувствува нелагодност и беше пренесен во болница.
Според информациите кои се достапни, тој веќе се опоравува после хоспитализацијата пред мечот против Ливерпул.
Извор за агенцијата Press Association изјави дека 84-годишниот Фергусон е во добар дух, и дека побарал лекарска помош како мерка на претпазливост пред почетокот на натпреварот меѓу Јунајтед и Ливерпул.
Од 2013 година, Фергусон е во пензија откако ја напушти тренерската позиција во Јунајтед, период во кој овој клуб нема остварено титула во англиската лига.