Дома Фудбал Камерите го фатија испадот на Винисиус: После ќе ми го бараш дресот (Видео)

Камерите го фатија испадот на Винисиус: После ќе ми го бараш дресот (Видео)

Камерите го снимиле жестокиот конфликт меѓу Винисиус и Омар Ел Хилали за време на натпреварот при кој Реал Мадрид со 2:0 го совлада Еспањол. Бразилскиот напаѓач и домашниот дефанзивец си разменуваа вербални напади, а Винисиус на крај категорично одби размена на дресови. “Остави ги глупостите, подоцна ќе ме бараш за дрес… Глупак си, само сакаш кавга… Не ти го давам дресот”, му рече Винисиус на играчот на Еспањол, забележано од камерите на МовиСтар, а пренесено од шпанските медиуми.

На снимките се гледа како Винисиус изразуваше незадоволство од однесувањето на Ел Хилали кога топката не беше во игра. “Глупак. Навистина си глуп”, му дофрли сè понервозниот Винисиус на Ел Хилали, по што доби ист одговор.

Не долго потоа, Ел Хилали заработи директен црвен картон за прекршок врз Винисиус. Судијата, сепак, по прегледот на снимката преку ВАР, ја ревидираше одлуката и му додели само жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…