Дома Топ вести Реал чекаше на ваков Роналдо – неверојaтен месец за Португалецот!

Реал чекаше на ваков Роналдо – неверојaтен месец за Португалецот!

Кристиано Роналдо денес постигна два нови погодоци за Реал Мадрид, а имаше прилика и за трет, но сепак Португалецот пеналот му го препушти на Карим Бензема. За ова повеќе тука.

Португалецот против Алавеш во 44 минута го псотигна првиот погодок, а во 61 и втор пат се запиша во листата на стрелци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со овие два погодоци, Роналдо стигна до бројката од 12 погодоци во последните седум натпревари за „кралевите“.

Да потсетиме, прво постигна два гола против Депортиво, потоа два против Валенсија, не погоди против Леванте, но тука беше против Сосиедад кога стигна до хет-трик. Роналдо два погодоци постигна и во натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Покрај тоа, Роналдо дојде бројката од 300 погодоци во Примера, со што стана вториот играч кој може да се пофали со ваква бројка. Првиот секако е Лионел Меси со 369 погодоци.

Вкупно оваа сезона Роналдо постигна 28 погодоци, исто колку и Лионел Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…