Дома Трансфер зона Реал тргнува по дефанзивецот на Лестер

Реал тргнува по дефанзивецот на Лестер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.

Анчелоти сака да ја засили дефанзивната линија за следната сезона, бидејќи нема адекватни алтернативи за Алаба и Милитао.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот минатата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но пред почетокот на оваа сезона заработи сериозна повреда на глуждот.

Реал веќе стапил во контакт со агентите на Фофана и самиот играч инсистира да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Лестер нема лесно да се откаже од дефанзивецот за кого плати 35 милиони евра и за неговата слобода бара 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…