Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Милан во битка за новата бразилска ѕвезда

Реал Мадрид и Милан во битка за новата бразилска ѕвезда

Реал Мадрид минатата година го купи талентираниот Винисиус Жуниор кој веднаш се наметна во првиот тим, а на лето планира да донесе уште еден бразилски „вундеркинд“.

Реал го доведе Винисиус во Фламенго за 45 милиони евра, а сега „кралевите“ сакаат од истиот клуб да купат уште еден тинејџер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Станува збор за 17-годишниот Реиниер Жесус, кој важи за еден од најголемите бразилски таленти и во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра.

Реал Мадрид има одлични односи со Фламенго и ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори, па медиумите тврдат дека трансферот може да се комплетира помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Реиниер може на лето да потпише договор со „кралевите“, но трансферот не може да се реализира од 19-ти јануари 2020 година кога играчот ќе наполни 18 години.

Станува збор за офанзивец играч за врска кого во Бразил го нарекуваат „новиот Кутињо“. Силен интерес за фудбалерот покажува и Милан, кој исто така веќе остварил контакт со Фламенго.

Спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо одлично го познава бразилскиот пазар и има одлични односи со Фламенго што се покажа со трансферот на Пакета во јануари.

Бразилските медиуми откриваат дека двата европски гиганти на лето ќе водат битка за потписот на овој бразилски талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…