Дома Фудбал Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Кристијано Роналдо би можел од улогата на најголема ѕвезда на Ал Наср наскоро да се пресели во сосема нова улога, бидејќи во последните часови се појави приказна за големи промени во сопственичката структура на овој саудиски гигант.

Според информациите кои кружат во Саудиска Арабија, Ал Наср би можел да биде предмет на сериозни разговори за нов сопственик, а во центарот на вниманието се нашол Гери Кардинале, човекот што стои на чело на РедБирд и истовремено е сопственик на Милан.

Кардинале, според ексклузивните информации на СпортИталија, веќе преку посредници остварил прелиминарни и индиректни контакти за да ја испита можноста за влез на РедБирд во сопственичката структура на Ал Наср.

Приказната веднаш доби дополнителна тежина поради Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда и натаму е играч на Ал Наср, а можниот влез на голем инвестициски фонд во клубот би можел потполно да ја промени неговата иднина, но и начинот на кој би функционирал клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА одлучи: Финалињата во ЛШ во Минхен и Барселона, европско фианле доби и Белград!

Главниот дом на европскиот фудбал (UEFA) денес одржува седница на Извршниот одбор во Солун…