Дома Топ вести Реал Мадрид има договор со Нголо Канте

Реал Мадрид има договор со Нголо Канте

2

Реал Мадрид следното лето може да донесе уште една голема ѕвезда на Челзи во своите редови, после трансферите на Тубо Куртоа и Еден Азар, пренесуваат англиските медиуми.

Англиски „Сан“ пишува дека Реал Мадрид наводно, се договорил со еден од најбараните фудбалери во светот, Нголо Канте.

Реал планираше уште летово да го ангажира Французинот, но трансферот не се реализираше најмногу поради фактот што Челзи имаше забрана за трансфери.

Реал Мадрид и Челзи изминатово лето имаа долги преговори за трансфер на Еден Азар, а медиумите тврдат дека на средбите било разговарано и за Нголо Канте.

Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да го доведе Французинот на „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека тоа нема да се случи за сума помала од 80 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Jувентус идното лето носи бесплатно засилување од Челзи?

Од редовите на Јувентус ја разгледуваат опцијата да го донесат фудбалерот на Челси, Вилија…