Н’Голо Канте е еден од низата европски фудбалери кои не ги одбија милионите од Саудиска Арабија. Францускиот играч за врска потпиша за Ал Итихад каде што ќе игра и Бензема.
Канте важи за скромен фудбалер кој не посветува премногу внимание на парите, но понудата од 200 милиони евра за договор на две години не можеше да ја добие. Канте зад себе има една лоша сезона со Челзи, па јасно е дека на 32 години во Европа не може да добие ниту приближно толку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По официјализацијата на трансферот во Ал Итихад, Канте одлучил да си купи клуб и тоа белгискиот Виртон кој оваа сезона испадна од Вториот во третиот ранг на белискиот фудбал.
Канте се запознал со инфраструктурата на клубот и испратил понуда која според информациите била прифатлива за сегашниот сопствник, Флавио Беко.