Дома Топ вести Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот

Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот во 2021 година, а тоа го покажа истржаувањето на „Бренд Фајненс“.

Оваа компанија направи студија во која ги рангираше клубовите на основа на вредноста на својот бренд, а „кралевите“ и годинава останаа на прво место со вредност на брендот од 1,267 милијарди евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


На второто место зад Реал Мадрид е Барселона, која има вредност од 1,26 милијарди евра, па следи Манчестер Јунајтед со 1,130 милијарди евра.

Во Топ 10 најскапи фудбалски брендови се: Манчестер Сити (1,113 милијарди), Баерн Минхен (1,068 милијарди), Ливерпул (973 милиони), ПСЖ (887 милиони), Челзи (769 милиони), Тотенхем (723 милиони) и Арсенал (675 милиони). 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …