Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот Рафаел Варан ова лето, пренесува „Марка“.
Варан на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ сакаат да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па се спремни да го пуштат ова лето.
Како што е познато, Манчестер Јунајтед веќе ја започна офанзивата за неговиот потпис.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 40 милиони фунти, односно околу 46 милиони евра, а таа понуда никако не ги задоволува апетите на Перез.
Реал е спремен да го пушти Варан за 60 милиони евра, па се очекува наскоро двата клуба да започнат преговори и да ја „испеглаат“ разликата.