Рафаел Варан сезонава мака мачи со Ерик Тен Хаг кој често пати го оставаше на клупата за резерви.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште од почетокот на сезоната се пишува за несогласување помеѓу францускиот дефанзивец и холандскиот стратег, а сега е потврдено дека Варан следната сезона нема да биде дел од Јунајтед.
Не играше во Јунајтед како што очекуваше и оваа сезона запиша 21 настап во Премеир лигата, а во сите натпреварувања 30. Во просек на теренот поминуваше по околу 60 минути и постигна еден гол.
Во редовите на Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Реал Мадрид и вкупно собра 93 настапи, постигна два гола и запиша една асистенција.
Merci, @RaphaelVarane 🇫🇷❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) May 14, 2024