Дома Топ вести Реал во последниот ден активира трансфер „бомба“

Реал во последниот ден активира трансфер „бомба“

Реал Мадрид летово реши да се откаже од непотребните фудбалери за да заштеди пари и да тргне во напад на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд следното лето.

Сепак, шпански „АС“ пишува дека постои можност Реал Мадрид и Лион во последниот ден да се договорат за Хусем Оар. Тој беше голема желба на Арсенал, но францускиот тим постави цена од 50 милиони евра и не сака да попушти.

Сепак, Реал има „џокер“ во оваа игра затоа што „кралевите“ во Лион би го испратиле отпишаниот Мариано Дијаз и уште 20 милиони евра.

„АС“ пишува дека не е исклучена можноста трансферот да се реализира и на зима, ако не биде договорен до крајот на денешниот ден.

Оар важи за еден од најголемите француски таленти, па сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Денес се одиграа натпреварите од 14. коло во ПМФ, а за издвојување е високата победа на Шк…