Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Арсенал водат голема битка за ѕвездата на Лион.
Станува збор за 22-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.
Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.
Двата клуба веќе подолго време работат на трансферот, а Лион за неговата слобода бара 50 милиони евра.