Дома Трансфер зона Арсенал спреми нова понуда за ѕвездата на Лион

Арсенал спреми нова понуда за ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Арсенал не се откажува од комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лион.

Станува збор за 22-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.

Оар веќе има договор со „топџиите“ и притиска за трансфер на „Емирати“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Арсенал понуди 40 милиони фунти, кои Лион ги одби, па сега „топџиите“ спремаат нова понуда за Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…