Дома Трансфер зона Рафиња по втор пат го одби Арсенал

Рафиња по втор пат го одби Арсенал


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Бразилскиот репрезентативец, Рафиња категорично ја одбил можноста да ја напушти Барселона и да се пресели во Арсенал.

Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.

Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сега повторно се обиде да го донесе на „Емирати“.

Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Рафиња по втор пат му кажал НЕ на Арсенал, бидејќи сака да остане во Барселона.

Арсенал е во потрага по засилување во нападот, па откако пропадна трансферот на Мудрик, се насочи кон Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи веќе мисли на наредниот преоден рок: „Сините“ сакаат засилување од Милан?

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Само што заврши јану…