Дома Фудбал Рафиња шокираше со своето признание: Како тинејџер просев на улица за јадење!

Рафиња шокираше со своето признание: Како тинејџер просев на улица за јадење!

Не е тајна дека многу фудбалери од Бразил растат во исклучително тешки услови и сиромаштија. Таков е и случајот со Рафиња, кој реши да зборува за тоа исполнето со предизвици време на својот живот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рафиња без дилема се смета за еден од најдобрите фудбалери на светот во последните неколку сезони, играјќи во извонредна форма за Барселона.

Но, неговиот пат не беше ниту малку лесен и Рафиња не крие дека поминал низ исклучително тешко детство.

Главниот проблем бил што растеше во сиромаштија и неговото семејство се наоѓало во исклучително тешка ситуација, што е, за жал, честа појава во Бразил.

Рафиња е еден од оние кои успеале да останат верни на фудбалот и на крај излегол како победник, но открил дека многу од неговите пријатели не успеале, иако некои од нив биле дури и поталентирани од него.

Играчот на Барселона одлучи да ја сподели својата приказна со надеж дека ќе им помогне на оние кои можеби поминуваат низ слична ситуација.

“Израснав во голема сиромаштија. После тренинзи како дете, застанував на улицата и просев од луѓето да ми купат нешто за јадење или нешто благо”, вели Рафиња.p>

“Некои ми помагаа, други ме нарекуваа просјак без двоумење. Имав околу 12 или 14 години и знаев да не јадам осум или девет часа бидејќи имав пари само за автобус до дома”.

Исто така, објасни дека најпредизвикувачки период бил тинејџерскиот, кога било тешко да се остане на правиот пат.

“Живеев во многу тешко опкружување. За време на тинејџерските години, постоеја лесни можности за заработка. Тука луѓето се губат. Изгубив многу пријатели поради криминал, поради трговија со дрога, пријатели кои беа подобри од мене во фудбалот”.

На крајот, порача дека сите тие фудбалски успеси и магија на теренот не се ништо споредено со тоа што го преживеал во тие години.

“Вистинската магија не е она што го правам на теренот, туку тоа што успеав да излезам од тој живот и да останам на правиот пат”, заклучи играчот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гринвуд си ја спасува кариерата, го сака гигант од Италија!

Мејсон Гринвуд повторно стана сензација во европскиот фудбал, но не само поради неговата и…