Дома Фудбал Раул: Се чуствувам како да сум играл фудбал уште пред да се родам

Раул: Се чуствувам како да сум играл фудбал уште пред да се родам

Легендарниот Раул Гонзалес работи како тренер во академијата на Реал Мадрид.

Поранешниот капитен на „кралевите“ зборуваше за работата со деца и неговата кариера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кога бев дете не постоеа школи за фудбал како денес. По цел ден бевме надвор и игравме фудбал, во дворот, паркот или на улицата. Започнав да тренирам на 11 години. Мислам дека секој татко сонува синот да му стане фудбалер, па ниту мојот не се разликуваше. Сепак за разлика од татковците на моите другари, мојот кој работеше како електричар, многу повеќе се занимаваше со мојот развој во фудбалот“.

„Знаеше кога требаа ме критикува, но никогаш не ми дозволи да се откажам. Семејството е важен извор на поддршка. Сега кога ќе размислам, ми изгледа како да играв фудбал уште пред да се родам“, изјави Раул.

Поранешната „седмица“ на Реал има свое гледање на фудбалот.

„Многу е важно да имате високи етички и морални стандарди во фудбалот. Постојат преубави начини да дојдете до победата, но постојат и поинакви. Овие вторите никогаш нема да бидат мои избор, ниту ќе учам некого на таков начин да победува“, порача легендарниот шпански фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…