Долги години Серхио Рамос важеше за еден од најдобрите дефанзивци во светот, но во овој момент е без клуб, а според последните најави ќе се пресели во Галатасарај (ТУКА).
Рамос се поврзуваше и со трансфер во неговиот поранешен клуб, Севиља, но од шпанскиот клуб се огласија и порачаа дека Рамос летово во ниту еден момент не бил во нивните планови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Како и секој преоден рок, така и за овој имавме план. Рамос не беше опција во ниту еден момент, тој не ни треба. Имавме само некои директни и индиректни понуди“, изјави првиот човек на Севиља, Пеп Кастро.
Севиља вечерва ја очекува финалето во европскиот Суперкуп каде што во битката за трофејот ќе се соочи со Манчестер Сити (ТУКА).