Новата ѕвезда на Милан и Серија А, Криштоф Пјонтек призна дека како дете бил голем фан на Арсенал.
Пјонтек е најголема сензација оваа сезона во Серија А и после само шест месеци поминати во Џенова веднаш си обезбеди трансфер во италијанскиот гигант Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ за неговиот потпис искешираа 35 милиони евра, а Полјакот продолжи да ги тресе протвничките мрежи и моментално има 19 гола во Серија А, исто колку и Роналдо.
„Машината за голови“ призна дека негов идол од детството бил Тиери Анри и поради тоа бил голем фан на Арсенал.
„Јас бев голем навивач на Арсенал. Израснав гледајки го тој тим. Премногу ми се допаѓаше стилот кој го негува Арсен Венгер, им се восхитував на шампиони како Анри и Бергкамп“, откри напаѓачот.
23 годишниот полски напаѓач кој досега постигна шест погодоци на седум настапи за Милан во Серија А и му помогна на „росонерите“ да се искачат на третото место на табелата.